земе (гл.) - секирче (имн.)

Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Старецот стана и влезе во тремот од колибата. Го зеде секирчето, го стегна стапот, па излегувајќи пред колибата извика: - О, Бојанееее, оооо!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трајче слезе од него, му го врза огламникот околу вратот, го префрли торбичето преку рамо, го зеде секирчето и навлезе во буковата корија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го гледаше како зема секирче в рака и како претрчува преку потокот и граби кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Станаа... Огнен го зеде секирчето и почна да сече.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ден Трајче го зеде секирчето, влезе во ќералчето, му го кладе самарчето на Дорча и викна: - Мамо, мамо!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)