земе (гл.) - тефтер (имн.)

СТОЈЧЕ: (Штом стрико Кољо влегува, го зема тефтерот од Јордана и го носи во другата соба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И Мечето пишуваше по два три пати една иста вересија, која по неколку месеци ќе ја плаќа Брајан кога Петруш ќе си ги земе тевтерите и ќе му оди в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Попот го зеде тефтерот и моливот од калуѓерот и почна да пишува: „Во лето од рождество не плоти господа и спаса нашега Исуса Христа 1563 прииде во веси сеи богомолец – черноризец, – (како се викаш, оче?) – го праша калуѓерот. – Отец Серафим – одговори овој, а попот продолжи да пишува: Отец Серафим собра милостину од...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Авторот брзо се реши: го зеде тефтерот, ја затвори фиоката, го стави тефтерот под левата пола од палтото, го стегна под мишка и брзо излезе од собата, низ влезната врата и низ порта, тргнуваќи ја зад себеси и се најде пак на улица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)