земе (гл.) - торба (имн.)

Невестата Менка ја зеде торбата од Илка, ја обеси на колот, ја зеде рогузината, го посла козинавчето како секојпат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот наш, тетин ми, од сабајле си а зел торбата со крстот и киската и ти побегнал од Жиовчеви — дури кај ќерка му Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо има чудно? — го прекина Неда разговорот и ги зеде торбите со ѓумовите — зашто веќе тоа го знаеше. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си ги зедоа торбите со по некое залавче од погачите и си отидоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прашај а неа од каде ме познава, та јас ќе ти кажа и тебе од каде те познавам — одговори Јован Гуров од Витолишта, комшија на Митра, и му ги зеде торбите на Толета, ги внесе во кафето и истрча да ја пречека Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун 'ржан леб и еден склопец со пиперки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето започнаа да си ги земаат торбите изработени од грубо, домашно платно, ги префрлаа преку раменици и се проштаваа тихо, шепотливо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кај бараките си ги зедоа торбите и ги фрлија во приколката на камионот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога пред заминувањето, полковниците влегоа во одајата каде што спиеја да си ги земат торбите, се вчудоневидоа: во одајата наредени беа едночудо крстови: по масата, по прозорците, по ѕидовите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Глигор си ја зеде торбата. Уште еднаш погледна на телото што висеше закачено на решетката, и исполнет со гнев и огорченост, се нурна под одарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На мојата молба Абе бај Наси да дом на во празното место додека не се симнат моите уд горе? тој гласно и задоволно се раскикоти што беше доволен одговор, а тоа што кажа пак Не му се праи ќефот на то Нанчо абагу да те пули там, му и мрсиш конците! беше и потврда и уште истиот ден си ја зедов торбата и книгите и се преселив кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Освен да си ја земе торбата од масата и да се прибере во собата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сироти врапчиња туку се ребрат да не стани пустио домаќин да го одгрибат лозјето; арно ама тој зел торбата и пак беше седнал на ужина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бабичката ја зема торбата и вади од неа волнени чорапи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)