земе (гл.) - учество (имн.)

Како студент зеде учество во една голема демонстрација против режимот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Велика Британија и СССР, секоја посебно, настојувале да земат учество во настаните кои би ја определиле судбината на народите на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така Темпо се осврнал и на настаните во грчка Македонија нагласувајќи дека “грчките Македонци сакале да земат учество во грчкиот национален ослободителен фронт и поради тоа им се придруѓиле на силите на ЕАМ-ЕЛАС под четири услови:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Октомври - зема учество во важната изложба на поп-арт, „Новите реалисти“, одржана во Сидни Џанис галеријата, Њујорк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јуни - го запознава Жерар Маланга, кој станува негов асистент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
1962 Ги прави сликите од сериите на долари и супите-Кемпбел. Јули - Ирвин Блум ги претставува неговите слики со супите-Кампбел во Ферус галеријата. Август - го прави првото свилено сито со Мерлин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тој немал кураж тоа да го стори, се прибрал дома и не зел учество во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се забранувало граѓани да земаат учество во прогонувањето и задржувањето на други граѓани, да вршат претреси по куќи, да се собираат во поголеми групи во кафеани и во други центри и со цел да пренесуваат лажни вести и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грци во Солун зеле учество во башибозучките одреди при погромот врз невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И Цапари зеде учество во битолските нереди, за да ги предизвикаат муслиманите да вршат колежи“149.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Марко Бошнаков потврдил дека спроти тргнувањето на „Гвадалкивир“ Шатев зел од неговиот дуќан „голема“ количина динамит и друг експлозивен запалив материјал и дека пред тоа зел учество во копањето на каналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При еден конфликт на Балканскиот Полуостров, Германија, “ако воопшто земе учество“ не стоела на првата линија и според тоа би се наоѓала во релативно поволна положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Војската што зеде учество за да ги растера предизвикувачите на немири уби 11, а рани 9 лица.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа тие на некој начин на себе си ја натовариле тешката вина; си дозволиле заради тоа мачно да истрадаат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто на Евреите им било неможно да земат учество во напредокот кој, и покрај своето изопачување, го содржело признавањето на божјето убиство – тоа би било предмет на посебно истражување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние ќе земеме учество во неа како грст прав, или парченца коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проголта уште еден оброк без секаков вкус во кантината, побрза во Центарот, зеде учество во свеченото глупирање на една „ дебатна група“, изигра две партии пинг-понг, проголта неколку чашки џин и отседе половина час на предавањето насловено „ Ангсоц и односот спрема шахот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ужасна работа во врска со Двете минути омраза не беше тоа што секој беше должен да земе учество, туку што беше невозможно да се одбегне придружувањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од него се очекуваше кога не работи, не јаде или не спие, да земе учество во некој вид заедничка рекреација: секој обид за осамување, дури и самотна прошетка, секогаш беше по малку опасен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имено, со промените на ЗПИО од 24 декември 2008 година беше укинат изборот на видот на оспособувањето за работа при професионална рехабилитација за лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) (чл. 6, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Доста не зеде учество во вечерашниот разговор, но остана задоволна оти толку ја подигнаа и и поласкаа овдешните девојки и невести уште од прва средба и се окуражи за понатаму, кога ќе се запознае со нив, ќе има со кого разговор да води, а не да не плаши оти нешто ќе згреши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка ги слушаше мајките, но не зеде учество во разговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неа ни Господ не може да ја расебети...“ рече дедо Стефан кој не се обиде да земе учество во разговорот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Карактеристично за многу женски кариери е растргнатоста меѓу куќата, работата и училиштето, а со тоа и многукратноста на искуствата на жените.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Успешните жени ја напуштаат својата традиционална положба и земаат учество во работите монополизирани од мажите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)