земе (гл.) - цигара (имн.)

Како туѓинец поздравува, дава пари, зема цигари и излегува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најдобро ќе е да ме нема. „Утре ќе имаме проба.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Извади кутија лорд, си зеде цигара, го покани Љупчо, а нас не нѐ покани. Љупчо веднаш му ја принесе запалката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Овие смислиле нешто неубаво - помислив и се исплашив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вади пакло цигари, му ја подава на Саздо; овој зема цигара, му се заблагодарува со нишање на главата, па откако ја навлажнува, го прифаќа огинот што шефот му го подава од скапоцена запалка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Отец Симеон зеде цигара од масата и ја запали. Чадот беше сладникав, непознат и непријатен. Од него остануваа на јазикот ситни грутчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)