земе (гл.) - шепа (имн.)

Кога, еднаш, во паркот, му рече дека Иван е лекар, тој зеде шепа земја и ја наполни големата уста. „Зошто го стори тоа?“ се иплаши таа држејќи ги неговите раце. „Пијан си, немој...“ Ја погледна и се наведна. „Не, тоа, го сторив за да не прснам од смеа.“ А кога и рече за некој свој пријател лекар што некоја Марија го оставила, кога и рече дека тој бил највеличествената болка на светот, му ги пушти рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѓорѓи ги слушна само зборовите „вечнаја памјат” и кога застана сосема близу гробот, виде како луѓето се наведнуваат, трипати земаат шепа земјата и ја врлат во отворениот гроб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)