земе (гл.) - ќесе (имн.)

Го зедов ќесето со чевлите, истрчав по улицата и во првата темнина ги фрлив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така и сторив. Го зедов ќесето со старите чевли и излегов на главната улица, меѓу непознати минувачи, во друг град и туѓа земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кирче го зеде ќесето, извади од џебот весник, откина парче, го намести меѓу палецот и показалецот на десната рака и со левата нароси тутун.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)