земе (гл.) - еден (прид.)

Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зел една урма - ја растворил и што да види: во урмата имало црвец.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зеде еден од романите на Дон Кихот и започна да го прелистува потамина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изабел внимателно зеде една лампа во своите раце .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја откачи од појасот, ја истури водата, се ведна, зеде едно камче, го стави во матарката, ја заниша- камчето внатре тропаше доста тапо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
АНЃЕЛЕ: На, земи еден бакшиш зашто ми го донесе куферов. Доста ли е?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- И ние мораме да земеме едно кутре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Грешен да му земеш една ластагарка, ќе види убаво!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш глупавиот Методија со тешката чизма му згази на вратот и му рече: - Абе оште ше пееш, ше те обесам! - и ни пет ни шест, зеде едно јаже и го фрли на таванот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој зеде една ќесичка и во неа стави неколку бонбони.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Да земеме еден пример. Од падот на Берлинскиот ѕид во повторно соединетата Германија трае процесот на пресметување со тоталитарното минато на бивша Источна Германија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Излегувам и што ќе видам: Мисајле Ковачот му ја зел едната рака на Јона преку рамо и го трга ко везник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)