земе (гл.) - мој (прид.)

Понеделник Ноември Небото е мало вечерва да ги земе моите желби и копнежи, моите надежи и љубови.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Кога наутро ќе се симнев да си го земам мојот велосипед, со кој одев на работа, имав што да видам, многу отпушоци од цигари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јана застана и се сврте кон мене, го зеде моето лице в раце и го приближи до нејзиното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ја зеде мојата рака во својата, заедно ја стиснавме рачката од големиот пиштол, нанишанивме и го повлековме орозот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не верувам дека сето тоа потраја толку бесконечни векови, но кога ми ги стави своите раце на моето лице и кога ги зеде моите во неговите, кога најпосле ги отворив очите, - јас само за малку што не крикнав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Косата бргу нараснува, ќе видиш, косата веднаш нараснува, мило мое, - и тогаш нежно, многу внимателно со своите ковчести раце ја зеде мојата глава во себе и најнежно, најмило ме бакна по чело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги зеде моите ураганчиња и правови од графит и почна да ги тутка и да ги фрла по мене, да ме удира со нив за повторно да не ме повреди.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Излупи компири, важи?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка ми го насетуваше мојот страв, иако не знаеше од каде доаѓа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зеде мојата рака меѓу своите раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Им реков на децата дека ги носам на патување.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целиот трепереше. Ја зеде мојата рака во своите раце, и ми ја бакнуваше дланката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и заминувајќи од градот не ја зеде мојата адреса, не ми ја даде ни својата, и така ниту преку писма не можевме да си кажеме како сме и што правиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ме гушна, со своите раце ја потпре мојата глава на своите гради, и рече: „Сестро моја…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас сега ќе одам,“ рече. „Одам назад, во Гнездо. Таму ми е местото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги зеде моите раце меѓу своите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не се лутам кога ми ги земаат моите работи. DD ПТ: Не правите ништо за тоа? DD ЕВ: Не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)