земе (гл.) - наш (прид.)

Само ние по таа војна не се вративме дома... ни ја зедоа нашата дома, ни ги зедоа нивите наши и ливадите наши, и лозјата наши и бавчите наши ни ги зедоа... и луѓе туѓо дојденци сместија во дедовите огништа наши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)