земе (гл.) - нејзин (прид.)

Пред себе ги гледаше топлите крупни очи, прекрасната насмевка, ја чувствуваше нежноста на неговата убава рака кога ја зеде нејзината за да ја бакне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рене, како случајно, беше дошол во моментот кога ја располутуваа главата, ја зема нејзината содржина в раце и со едно лачно движење ги раздвои двете половини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А учителката ќе го земе нејзиното блокче и ќе им го покажува на децата: - Еве, вака се црта маче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Клекна пред неа и ги зеде нејзините раце во своите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Назад во реалноста ја врати допирот на Петар, кој нежно ја зема нејзината рака во својата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја зеде нејзината полуполна чаша и го истури виното во саксијата со цвеќе што беше на первазот од прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А учителката ќе го земе нејзиното блокче и ќе им го покажува на децата: - Еве, вака се црта маче. Од Милка треба да се учите да цртате.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)