земе (гл.) - свој (прид.)

Во секој случај, корисникот ја фрли мистериозната таблета на под.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
До полноќ, гужвата драматично се зголемува и, судејќи според зениците проширени како чинии, некои од овие луѓе ја земаат својата втора или трета доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Секој од вас треба да си го земе своето другарче, - рече учителот што стоеше на вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Порано го зеде својот дел што си го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Едоставно ја зеде својата девојка, бруцошката што зборуваше со очите, и ја одведе во Градското собрание да ги подадат личните карти на шалтерот за бракови и разводи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рок групите како што се Soft Machine, Dead Fingers Talk или Steely Dan ги зедоа своите имиња директно од Burroughs-овата книжевност. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 7
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа ја зема чашката, си ја става на главата која бавно ја свртува на страна. Burroughs го зема својот star-automatic, нанишанува, повлекува и ја погодува младата жена точно во слепоочницата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Утредента кога се разбуди Снежана ја зема својата кукла, го побара под масата и сиротото, заборавено меченце, па заедно со нив седна на креветот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Едно утро, кога по фронтовите војниците ги зедоа своите пушки, готвејќи се за нов бој, останаа зачудени: во секоја цев - маслиново гранче!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ливајн ја зеде својата торба за валкани алишта и ги фрли во неа работничкиот комбинезон, шушкавецот и чорапите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја зеде својата чанта од плетена тенка кожа, ја отвори и се загледа во нејзината содржина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа Шатев одвај успеал да го земе својот пасош од сопственикот и да го напушти хотелот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, тоа било време кога многу од семејствата ги беа зеле своите загинати и ги закопале на свои гробишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И го слушаа како помина крај сите нив и како се доближува до своето легло, потем веќе и како си ја зема својата вреќичка, како си ги става во неа токмакот, мистријата, пилата, висакот и неколкуте клобариња конец, а потоа и како си заминува со бавен, изморен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете така таа си го зема своето на лична почва и на хумани чувства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А овде, таа знае - за две доцнења нема да ја истераат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Другиот ја зеде својата чаша и со една голтка ја испразни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеш, среќо моја, те учев дека зад восхитот на освоениот врв, планината често знае да се претвори во ѕверка подготвена да го земе својот данок. Тоа ме плаши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој го зеде својот жакет и се исправи. „Може“, ѝ рече. „Заблуда.“ Во следниот петок таа не дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само нивните извршители, со чорапа на глава, со ножот в заби, под ознаката на тигар, мртовечка глава, црни и бели птичишта, оцила, шаховски табли, полумесечини, кружат низ територијата на јужнословенските стада и го земаат својот секојдневен данок во крв, пари и недвижнини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон ја беше зел својата лажица и брцкаше во бледиот сос што се разлеваше по масата, правејќи цртеж од едно развлечено поточе, како Сајм претходно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон ја зеде својата шолја, подзастана малку за да собере кураж и ја проголта течноста со вкус на зејтин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе земам свои работи и силни лекови за Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Малиот го зема својот колец и со решителен и непоколеблив чекор се упатува кон ТВ Лицето.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се враќа на своето место, ја зема својата книга.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ТВ ЛИЦЕТО: Од клозетот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога и на третиот ден мајка му на Трајче не стана од креветот, тој приквечерината, колку што е можно потивко, ги зеде своите непрани алишта, влезе во бањата и долго ги переше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
За жал, заборавил да се облече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некое време после тоа, тој станал едно утро, го ставил својот шешир, го зел својот чадор и отишол на прошетка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едно утро, кога по фронтовите војниците ги зедоа своите пушки, готвејќи се за нов бој, останаа зачудени: во секоја цев - маслиново гранче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)