земе (гл.) - дома (прил.)

Тој ме зеде дома, ми даде да ручам, ми ги плати дрвата и уште од некаде ми најде сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И калуѓерката Смилја не го напушташе манастирот. Дојдоа нејзините родители да ја земат дома, но таа се затвори во одајата и не излегуваше надвор, не сакаше да се сретне, да се види.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И пак во бунилото ја гледа Марија крај него во болничката соба која дошла да го земе дома бидејќи тој е излечен и оздравен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да си ги земеш дома кога ќе ти заврши одморов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)