земе (гл.) - еднаш (прил.)

Киријата му ја плаќам преку некоја негова братучетка, која тука доаѓа да ја земе еднаш месечно – му објаснува Л.А. на патникот меѓу два забиберени залци – Дај ми го палецот да ги го посолам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Татко ми еднаш бил во Кан со неа, и вели дека никогаш повеќе не би одел, оти само првите два-три дена му било интересно, а потоа ужасно му било здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но во својот бес таа се сети дека веќе го зеде еднаш гревот кај бабата Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нека нè земе еднаш со себе, па ќе се увери дека нема воопшто да нѝ недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)