земе (гл.) - збогум (прил.)

Чекај, чедо, не брзај, земи збогум со сестра ти, таа нема да дојде со нас, не чини да ја затвораме куќава сама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го дочека Јована, си дојде и Митра од колибата за некој и друг ден и Толе една квечерина си зеде збогум од обајцата за подолго време.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Карабуклијата и Петко ги наполнија лулињата; оној, селскиот гостин, стана, си зеде збогум — „седите со здравје" и двајцата пријатели останаа сами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си зеде збогум од „добриот дедо Стале" и, потпирајќи се на стапот, околу мракот си дојде дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постоја уште малку, ама разговорот не се наставуваше, и си зеде збогум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ИЛИЈА: (зема збогум со Антица и сака да ја бакне, кон баба Анча).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)