земе (гл.) - повторно (прил.)

Наведнувајќи се да го земе, погледна накај мишките, и да, на црвената блузичка се имаа направено мали крукчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите задумани само буцкаа во ваганските пред себе, чиниш треба нешто оттаму, а кога зедоа повторно да разговараат, разговараа за други работи, за црквата, за општината и за училиштето што требаше да се изградат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја зеде повторно перодршката, прашувајќи се полурешително дали би можел да најде уште нешто да запише во својот дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон воздивна безгласно. Ја зеде повторно перодршката и напиша: „Таа се фрли на креветот, и брзо, без секаков увод, на најгруб, најужасен начин што може да се замисли, го крена здолништето. Јас...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Главоболките, болките во мускулите, истоштеноста и зголемената чувствителност на светло и звуци ги тера корисниците да земат повторно, откако првата доза ќе престане да делува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така го зеде повторно дезодорансот и овојпат се испрска врз целата блуза, особено задржувајќи се на мишките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)