зине (гл.) - во (предл.)

Шишман зина во него, најмногу чекајќи да чуе што ќе рече Србин, како зајак фатен во дувлото тегавејќи се продожи:- Инаку ... Инаку ние сме Македонци, - рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас бев целиот зинат во Килета: се радував ако ми стане другар и се плашев да не не е сака.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Брезничани просто зинаа во него. Се подадоа некои кон него дури и потстанувајќи од местата на гредата со начулени уши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Седржителот небесен е алфа и омега. Пејте му и славете го. Кажувајте ги сите чудеса негови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Види ти што смислил лицемерников! А вие, кротки женички, сте зинале во него како штотуку да дошол од Исусова трпеза. Е, не може тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шишман, подрасчекорен, зинат во братучедот, со ококорени очи повтори: - Вака, - рече и фрлајќи ги рацете нагоре свика: - Се предаваме, се пре..... - Не викај! - спиште Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Пе... пе... – одново го храбри мајка му, а тој зинал во неа за да ѝ ги погоди мислите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Шишман зина во него со подотворена уста и чу: - Јас одам кај командирот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)