знае (гл.) - некој (зам.)

- Не знам што да направам за да ти помогнам, му велам јас на Мирчета, да појдеме кај Маса Ќулумоска, му велам, може таа знае некој маривет. Нека ти закуша, го наговорувам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Камилски, замислен и натажен, но со посебно внимание го следеше Татко кога говореше за книгите на џамијата и внесено го праша: Но дали се знае некое од имињата на авторите и книгите на оваа најголема библиотека на времето во Османската Империја и подалеку?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, одговори Татко, но за да се дојде до нив, потребни се големи истражувања, најмногу во цариградските архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Томаица знаеше некои од нејзините модели кои се појавуваа во модното списание на кое таа беше претплатена.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Толе не се пофали оти тој е најарен, но ја кажа правината дека Крсте Попов, иако е во трето одделение, поарно знае од Трајка Јанов и другите од први клас и го викат учителите да им раскажува кога овие не знаат некоја лекција, за да се засрамат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќавам учителот ме праша: Милице, ти убаво рецитираш. Дали знаеш некоја песна наизуст?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеби некој од вас знае некоја друга казна, пострашна, понова, помодерна да ја наречеме?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колку срамотно е тоа да го знае некој!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)