знае (гл.) - јас (зам.)

Со тоа тое веднаш ќе знаат што сè знам јас, а како што е познато најчесто самото знаење на работи што не треба да ги знаеш е доволно да бидеш во опасност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги знаев јас сите овие покојници – или и делото и неделото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро, ама тоа требаше да се стори со усул, зашто некои луѓе на бегот имаа, колку што знаев јас, тајни интереси со бандите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми велеа дека Бог не постои и да не го пишувам со голема буква, а знам јас дека Бог е всушност во причинско - последичните односи во светот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Знам јас… Ако беше ти, сон не ќе те фатеше!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Му го знам јас и татко му што чешит беше, - се присеќава сега одеднаш дедо Иван за некои гревови на татка му од Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пеј и пламни, велам Дур во ад се селам И гаснам Продолжено. не сакам да знам Јас не сакам Да знам Каков сум Туку, Каков ќе бидам Тогаш Кога Не ќе бидам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
А полјакот си го чеша носот и доверливо вели: - Знам јас кој е, знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Кај го знам јас Толета, кој е тој Толе шо го барате вие од мене?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа и сега одговори: — Откај знам јас шо дојде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако постенка ја исправи главата и рече, гледајќи во онбашијата: — Зошчо, ефенди, ме клоцаш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа Арслан си направи пат со камшикот и влезе во средето на народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, кај и знам јас лошите луѓе, — пак почна Главче да се правда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Е, со што? Сенешто имате во џебовите: џамлии, сликички, гума, молив...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што знам јас, што имате вие!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Со што ќе купуваме, кога немаме пари?“ праша Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А бре знам јас, та и ти не си вчерашен, сè си знаеш, за сè си водиш грижа, туку да ти кажам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знам јас, знам... - Што знаеш, Симче?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од каде да знам јас туѓинец!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Што знам јас, зашто не оти малку имаш пратено.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Што ти знам јас од каде и од како. Нели ги бричат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Така знам јас.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И си знаев јас, ама не сакав да си признам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаев јас тогаш дека и тој минал тука, некаде во мислите мои само заборав од детството спиеше, жедно чекајки да биде пронајден како богатсво неизмерно, како чувар на борбеност а и традиција на оваа земја, тој се криеше.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Што знам за татко ми, нели прашавте пред малку?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно очекуваше одговорот на она негово прашање: што сум знаел јас за татко ми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не само песот-скитник и мачката – му одговори, кокетно засолнувајќи го погледот со трепките – знам јас и други домашни животни. Куќното глувче, на пример.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Така: знам јас...“ „Што знаеш, што знаеш?“ му затреперија усните на Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Пушти го, тој ми бил Наполеон, божем не го знам јас него!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаев јас за нив, уште кога дојдоа знаев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е па добро, вели Мисајле Станковиќ, од кај знам јас како треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
РИСТАЌИ: Преубав е кога ти велам. Ај ти, знам јас!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му ја знам јас болката!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мене многу ми е препоминато преку глава и за тоа, друго знам јас, а друго знае таа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го сакаш ти животот го знам јас тоа и за него вреди човек до последно да се бори.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Би сакала да ѝ пратам телеграма, пакети, да знам дека ѝ се добро децата или дека нема деца – зашто ми се чини дека таму немам деца – и ѝ треба утеха, сожалување, бонбони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што знаев јас за резили, ја следев како што можев, се сеќавам дека ја слушав придушено. Votre âme est un paysage choisi... но си ги гледав дланките низ клавишите и се чинеше дека добро свиреа, дека чесно ја следеа Нора.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па, што знам јас. Се занесувам и мислам дека разбирам што се случува околу мене, а во суштина немам поим за ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги знам јас тие како неа, опасни се.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Да, да, се разбира. Го знам јас Г-н Стерјо Пикулис, тој е еден од главните финансиери на оваа модна ревија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ги знам јас сите прикаски за поповите и жените.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Издишна: - Ах, од каде ќе знам јас кутрата, кога сум ќора, кога не гледам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ама знаев јас, велев...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така знам јас“, вели и молкнува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се знаеме јас и ти од некое друго време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Овој е преполн со разврат и црвени светла. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Зборовите му дадоа тон за самочувство: - Колку работи знам јас, ехе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Од каде ќе знам јас? Јас сум мал и тоа не ме интересира.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ама не сум толко згоден, да му се невиде.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Знам, знам јас за тој ваш карневал...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А за многу од овие жени, колку што знам јас, немало младост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прењес не е за мене, не е ни друштвото со падавичарите... Си знаев јас што е тоа Прењес.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка му му помага: - Че... че... - Четири! – се сети храбро Зоки и бликна во радост: - Четири! Знаев јас, четири!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Знам јас, знам јас...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
АРСО: Го знам јас што антика човек е чорбаџијата твој.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Јас би се вратил со ќеф.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знам јас зошто иде и ќе ги чистам панталоните, ќе ги требам од осилки што се фаќале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам јас, сѐ на вас се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам јас, Циљко, знам јас колку тоа боли и се се опитвам зошто ли тоа ни го сторија?... Изгледа некој многу, премногу сакаше така да биде...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, онаа Бреза, - додаде, - ја знам јас неа, таа е виновна за се.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Баба ми ме погледна, очите ѝ се насолзија и рече: - Мило бабино, знам јас дека е така, добро дете е Миро мој, мека душа има и никому зло не мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знам јас, - рече помирливо, - дека Бреза е здодевна и дека често таа ја започнува кавгата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше тоа еден од оние многу среќни денови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете, затоа истражував низ неговите предмети.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го знам јас него, не е по модата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така изгледаше колку и да се трудеше да биде весела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и овие Грциве, ја затвориле границата и не можеме ни на тоа море да одиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го знам јас него добро, затоа така гледаше наоколу, да не му се смее некој, оти е голем, бил сам во Лондон, а ваму, се пекмези како право женче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги знам јас тие приказни од другарките што имаат поголеми браќа и сестри: седеле во своите соби по цел ден и божем учеле, а којзнае што читале и на што губеле време, па после кецови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не беше оваа војна во Босна и што знам јас уште каде не е, секако дека најпрво ќе одевме на Јадранско море, па потоа селско - планински туризам, но ете, проклета војна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, не ми било тоа доволно. Ги знам јас финтите на „големите“, ќе пушат, па ќе џвакаат мастики за да ја отстранат миризбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги знам јас добро петнаесетгодишниците, за жив не те есапат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кога ќе се каже мода, не се мисли само на мода во облекување – ме поучи мајка ми – има мода во музиката, во однесувањето, во разонодувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)