знае (гл.) - глава (имн.)

Над главите ни летаат јата птици. Сѐ е испреплашено, збудалено, не си ја знае главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ех, бре братче! Ние не си ја знаеме главата, а ти уште тераш шега.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа го знам, а од она што го знам главата прска на шавовите, станува тесна за епската тага и Хамлетовската загубеност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)