знае (гл.) - работа (имн.)

Снаа му веќе си ја знаеше работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тода си ја знае работата и продолжува со корисни „совети".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде, ајде, јас си а знам работата, — одговори Доста и ја испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А колку шо паметуам и едното уше ѝ е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас дури су жив од својот пат не скршнуам. Co вас или без вас, јас си а знам работата моа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нишчо, нишчо. И таа си а знае работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заврна, Господ си ја знае работата.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Аферим, аферим!50) А, така... Ќе дојде... ќе биде!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Има време... Султанот си ја знае работата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Најфино од сѐ ми беше утринското кафе. Јас станувам и си ја знам работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Всушност колку прашањето е потешко толку тоа бара што поедноставен одговор но проблемот е во тоа што човекот не знае работите да ги поедноставува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ајде, - му вели. - Си ја знаеш работата. И пак го гледам лизуркото таму.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој си ја знаеше работата, ама во еден момент ги вџаши селаните, па почнаа да шушкаат и да не знаат ни што да речат, ни што да прават.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тиранинот добро си ја знае работата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)