знае (гл.) - точен (прид.)

Сите очекуваа тоа да се случи во Картагина. Но никој не го знаеше точниот датум. Денот ветен на историјата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На неговото викање со мака се разбудувале. Ги калајсувала маглена павлака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Често се сеќавала невестата Ервехе на една мисла од Библијата која, по часовите кај лазаристите, си ја коментирала со вујна Клементина, според која „на човека му се знае точниот број на влакната од косата”, како и кажувањето од Куранот дека „човекот си ја носи судбината обесена на вратот!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И се тргале на земјата со сета своја вкочанетост и бушавост, ги извлекувале главите од измитарени јагнешки кожи и со самиот заод го знаеле точниот облик на чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)