знае (гл.) - или (сврз.)

И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи, историјата како учителка на животот, не учи како на поефтин начин да се дојде до материјал на кој ќе може да пишуваат оние што знаат или да се описменуваат оние што се неграмотни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Воопшто, сите тие со кои имав случај да се видам или да зборувам г.Станчев или не го знаеја или лошо се одзиваа за него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не може некој да се чувствува мирен ако знае или незнае врз што седи каква историја наследил.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знам дали тој човек го знам или не го знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
После лесно гредите, една по една, со ѕвегари ги довлекоа до црквата каде што ги исправија пак со големи марифети што тие ги знаеја или ги имаа научено во Влашко каде што одеа на печалба.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Што се случува со мене не знам или не сакам да си одговорам.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само толку знаев или само толку ми кажале за Стефана, таткото на Спиродона, мојот дедо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Молкна и авторот. Не знаеше или не веруваше дека било кое прашање би имало смисла. Молкот беше долготраен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А сите тие се лица на луѓе, кои јас ги знам или порано ги знаев и кои сега го набљудуваат мојот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Човек што се држи само за една вистина или малку знае или многу лаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А потоа наеднаш ќе зажубореше но одвај чујно нејзината расчувствувана сомилост: „Можеби доаѓаше, мило, само за да ја погалам, но јас не знаев или не умеев тоа да го забележам?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Такви беа нејзините заскитувања што неочекувано наидуваа, и јас бев речиси сигурен дека таа само посакуваше да ми наговести нешто во врска со размислите и расположението што во тој момент ќе ја преплавеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никако не можел да го заборави умирањето на момчето со крвава уста додека самиот лежел во заседа и со кубура чие значење во почетокот на битката не го знаел или не сакал да го знае: свеќите на неколку животи, почнувајќи од оној здрав старец со мустаќи, догорувале пред неговиот замаглен поглед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник, со тага гледајќи го колењето на премаленото и збревтаво животно, заповеда да заземат место на чука од која ќе може да се гледа на сите страни и на која не ќе бидат изненадени со напад. Свенувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А луѓето? – прашувам. Мрдаат со рамена и сфаќам дека не знаат или не сакаат да кажат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Така ли? Не знаеш или нејќеш да знаеш?“ се налути директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ништо друго не ми е познато. Навистина не знам...“ реков, а гласот ми се слушаше не мој, туѓ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мислев, ако погледнам во директорот од очите ќе ми ги прочита имињата на Анче, Ташко, Влатко, Дејко, Љупчо - и другите што ги знаев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Луѓето го погледнувале Илка во очите, во јазикот, го пофаќале за челото, за рацете, нозете, и секој прдлагал некој лек што го знаел или претпоставувал дека може да му помогне.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)