игнорира (гл.) - или (сврз.)

Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)