игра (гл.) - во (предл.)

Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Господ нека ни е на помош”, помислуваше Лука Карер, не знаејќи каква улога ова јонско копно ќе игра во плановите на завојуваните страни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гледам во меурчињата што играат во дворот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас не сакав, а и не можев да ѝ ја одземам радоста да игра во театарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Насекаде и во сè го гледав призракот на измамата. - Не сакам повеќе да играш во театарот, - ѝ реков еден ден.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мажите и жените престанаа да си играат во креветите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако не беа тука кога таа ја ставаше храната надвор, таа ќе ги повикаше како да беа деца што играат во дворот и, штом ќе го слушнеа нејзиниот глас, тие како стрели долетуваа од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Страст за заштита: геј-мажите како чувари на културата, Фелоус ја испитува особената игра на улоги што геј-мажите ја играле во заштитата на историското наследство, во реставрацијата на архитектурата и во разни антикварски потраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Откако ја нахранив и преоблеков во чисто Ели ја пуштив да игра во дворот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си играат во одајчето Ише и Ишка, му се радуваат на животот, на врелината и ја успокојуваат тишината да не пукне...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Напишал и играл во бројни презентации и продукции (Тurn on, Тune In, Drop out; Chang's Nice Dreams; Hard Knoks; Snowscan; Medium Rare; Datal Skies....) Снимал со Џон Ленон и со Џими Џендрикс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес- Џојс-Борхес епиграфите, уште повеќе, ја играат во “Фармацијата” улогата слична на онаа што ја има митот за Тот во Федар; странска митологија која е вклучена во аргументите што ги изложува текстот, но која всушност ⥊ припаѓа на сопствената структура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Служел војска, се кандидирал за гувернер во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дерида во Борхес и Џојс ги споил двете клучни фигури на модерната литература, кои историјата сепак веќе ги споила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И јас играм во кругот. Сите околу мене играат во кругот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си играат во мојата глава Каубојци-Индијанци.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа уживаше во мирисите и боите на прекрасната градина, знаеше со саати да си лежи на едно ткаено чергиче под расцутените црешови дрвја, да ги слуша разговорите на птиците и да си игра во мислите со облаците...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Една млада жена скокна од под една настрешница неколку чекори пред Винстон, грабна едно мало дете што си играше во баричката, го замота утарето околу него и скокна повторно назад и сето тоа во едно единствено движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Околу ужина излегоа сватовите да играат во дворот, а веќе и невестата ја изведоа деверите од земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Потоа видов како едно големо дете си играше во тревата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Венче и Милчо беа соседи; куќите им беа отспротива. Кога ќе се вратеа од училиште, играа во паркчето меѓу нивнивте куќи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама лулашките почнаа да стануваат здодевни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас бев многу малечка и си играв во песокот со Сандра или понекогаш се клацкавме на најниската клацкалка и си правевме „плескавици“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Подводниот Вок со едно око е крал на ококорените вештерки кои на полноќ сакаат да играат во соништата на децата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Обично бате Јоле си играше во дворот од конаците околу црквата или тука некаде кај гумното и најмногу ако се оддалечеше до под конаците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Надвор уште се слушаа гласови на децата што играат во „Плавата уличка”, но немав никаква желба да им се придружам. Поточно, немав сила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се чинеше дека сум болна. Така се чувствував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)