игра (гл.) - извонредно (прил.)

Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Распространето е верувањето дека Бети Дејвис била големата садистка на платното, исто како што Џоан Крафорд била големата мазохистка на платното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и да не е Дејвис нужно садист во голем број од нејзините улоги на платното, нејзините ликови честопати недвосмислено уживаат во победоносноста, во расфрлањето со моќ и со авторитет, во пркосот против општествените конвенции и во терањето по свое дури и, па и особено, по цена на туѓото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)