игра (гл.) - и (сврз.)

Старите ѝ завидуваат, младите ѝ завидуваат оти и тие како неа не можат да играат и да се кршат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тенките глуждести прсти му играат и шушкаат со хартијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Монмартр ќе научи да игра и билијард.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од него тој на 11 годишна возраст научил да игра шах.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Убаво рече другарот Алајко, земете си ги мандолините, цаманмките, удрите по теловите, по барабаните и тапаните; играјте и пејте; веселете се.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа ги имаше гушнато и двајцата, а јазикот веќе ѝ се плеткаше кога рече: „Македонците сакаат само да се забавуваат, да играат и да пеат – затоа никогаш нема да војуваат, а камоли да добијат некоја војна“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако е нужно, и англиски фудбал ќе се навежбам... грубо играат и овде, а теренот саде кал... дека се гради уште.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води, орото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: Еј, де куме, деее!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Претпоставувам, кога Шакира била мала, играла и пеела, сонувајќи дека еден ден ќе биде славна пејачка и танчерка. Го постигнала тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Играше и фанта позади школо, ама за среќа не стана коцкар.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој само знаеше дека сака да си игра, да си игра и да се задева.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Играа и се веселеа сѐ до пред зората, а потоа се разделија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе си играме и ќе ни биде убаво. Потоа тој ќе дојде кај нас...“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- На ваква несреќа не треба да се плаче, вели Уља, туку да се игра и да се пее околу гробовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче, ко мало детуле, и војниците како што одат и како што гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како 125
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)