иде (гл.) - како (предл.)

Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас сум жива, се јавува Воскресија Мукаетова, ми иде како од онаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај нас сите идат како ослободители, никој да нѐ ослободи од нашите ослободители.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)