иде (гл.) - овде (прил.)

Гледаш оти не ти идат овде, им е срам. (Му намигнува на Анѓелета.) Ќе дојдеа да беа променети, ама зашто се онака, како што беа на работа, им е срам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа беа сигурно редовните гости на Каплан-паша, кои во петоците идеа овде на теферич и за да си ставаат жените ума и к'на, додека месата им се греат во топлите извори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Значи сигурно Грците идат овде? - праша Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Тамо во градот кај што бев, имат два извора: во еднио да се искапиш, ќе се сториш штрк, а во другио да се искапиш,да се сториш чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ЛУКОВ: (Ја запира пак со својот збор.) И... и ќе идете овде само кога ќе Ве повикам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Тие луѓе сет штркојте наши што ни идат овде, браќа - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но јас идам овде, јас постојано мислам за вас, сакам да ве видам, боже колку сакам понекогаш да ве видам!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)