избегнува (гл.) - од (предл.)

Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И тие, што беа запишани, го сторија тоа како потргнувајќи се, како двоумејќи се и како со тоа да избегнуваа од своето двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)