избере (гл.) - могила (имн.)

Широк замав Ја отвора утробата на денот Од темниот облак скакулци само еден слетува Да избере могила за мртвите крила И заспива во песокта на заборавот Со смеа што прска црвено Маестрото слегува од сликата Со мечот на Хамлет во раката А никогаш не слушнал за боите на смртта. 6. 10. 2000 г.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)