избере (гл.) - пат (имн.)

Може, рекоа, да се оди и преку Лехово и Вичо, но ако сакаме од високо да ја видиме панорамата на Лерин и Леринското поле, тогаш најдобро е да го избереме патот преку Бигла.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ковчегот со доживувања и поединостите што можеле да се престорат сон можеби веќе и не постоеле во моментот кога Привидот одлучил да го избере патот на заминувањето...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Истовремено, за разлика од вас, што одлучивте да му се додворите на поробувачот, многу поголем број ваши врсници го избраа патот на борбата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)