избрише (гл.) - уста (имн.)

Кога си почина, се наведна, слатко се напи од водичката и ја избриша устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се напило убаво и брзо го свртело опавчето, да си ја избрише устата и мустаките но помрднувајќи го толку го здоболело што спискало колку што го држи глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Освен тоа, таа не можеше да го чува него заклучен, а не доаѓаше никако предвид тој да оди на улица во таква состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Една пиперка го олути. Се наведна и се напи водичка. Потоа се исправи и ја избриша устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можеше да си го издува сопствениот нос, да си ја избрише устата, да јаде, да стане, самиот да излезе и да ги прави поголемиот дел од работите, но беше и преседнал на мајка ми, која што беше веќе стара жена со нарушено здравје.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега и Англичанецот запре да џвака, ја крена главата, ја избриша устата и брадата и направи: - Ха!
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)