извади (гл.) - карта (имн.)

Тој од офицерската торба извади карта и, осветлувајќи ја со батериската светилка, покажа со прст: - Сега ние сме тука... - А Видехова? - праша Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еднаш Земанек ми рече дека не може да дојде на кино со мене, иако јас имав извадено карти, и сакав да го изненадам, оти токму се даваше Големиот Гетсби, филм според неговата омилена книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)