извади (гл.) - око (имн.)

Додека беше мало, такво нешто ни наум не ми паѓаше: би му ги извадил очите на секој што ќе помислеше на тоа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сакам да им кажам на овие што ни ги извадија очите и ни ги пробушија ушите со кампањата за учење и за знаење дека мајката на секоја ука е казната.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги разминуваш куќите, како луѓе со извадени очи, извртени. Сѐ е шаштисано, штрбаво, оградено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По извојуваната победа Василј наредил на заробените Самуилови војници да им се извадат очите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Веднаш потоа тој го извади приборот за сечење нокти од неговата розова чантичка, ѝ ги извади очите со малата турпиичка и се упати кон најгустиот дел од шумата, со надеж дека ќе се изгуби и никој повеќе нема да го најде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во ќебиња и легени - посечени раце, нозе, прсти, скршени заби, извадени очи. Сѐ во една јама.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
11. ПРАВЕЈЌИ СИ ГИ ВЕЃИТЕ СИ ИЗВАДИ ОЧИ - што ќе ѝ се нејзе, нека другите ги видат, и онака штом љубовта тепкаво ја срочи таа виде: само светли денови ѝ идат ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)