извади (гл.) - очила (имн.)

Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога требаше да почне нова реченица, дишеше низ нос или кога ќе ѝ се истрошеше здивот, пак го употребуваше носот за да земе нов и продолжуваше со мислата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги имаше извадено очилата и токму ги местеше повторно врз носот со она негово карактеристично движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без очила некако поинаку го гледа, а и лицето ѝ е различно, како што им е различно на сите луѓе кога ќе ги извадат очилата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)