извади (гл.) - рака (имн.)

При една посета, кога ги извадил рацете од џебовите, на подот паднало истуткано парче хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој, покрај другото, бил ранет в гради од стражарот, затоа што ја извадил раката од прозорчето и се обидел да ја отвори вратата за да избега.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но ненавикнат да јаде без помошта на рацете, се занесе, па за да не падне ги извади рацете од џебовите и се задржа за стеблото од праската.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со неизвадени раце од своите слабини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш Клара го чуваше тој цртеж на масичката, а понекогаш го земаше в раце и се загледуваше во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јана сама рече дека сте луд и дека се кае.“ „Лажеш“, `рзна Отец Симеон и ги извади рацете од џеб. „Тоа таа не го рекла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)