извади (гл.) - ќесе (имн.)

Го извади ќесето и му ги фрли трите лири, та станаа обајцата и си дојдоа у Сукалови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Котевица излезе да вара да не најде нешто такво некаде низ куќи, а Коте го извади ќесето со тутун и лулето од кочанката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од пазуварката го извади ќесето, свитка цигара од тутунот измешан со тревки и коренчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Голем е Господ“, ќе речеше татко ми, ќе го извадеше ќесето од џебот во џамаданот, ќе му го подадеше на дедо и ќе му речеше: „Еве, татко, толку можев, толку донесов!“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Толе го извади ќесето од пазамарката и истури од него десетина дваесет лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му кажаа на Кире дека и неговиот едноног пријател замина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)