извади (гл.) - надвор (прил.)

Викнаа поп, но тој одби и еден од луѓето му отпеа молитва, го исчади со темјан, го кренаа луѓето ковчегот од куќата, го извадија надвор и тргнаа кон гробиштата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мудрецот кај кого што работел, кога видел дека му нема спас, го ставил во количка и го извадил надвор на улица пред чајџилницата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја придржија луѓето, ја извадија надвор и ѝ фрлија вода да ја освестат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го зеде за раце, го извади надвор да го шета, но татко му Маруш ги пречека, ги запре, го врати Висара во собата и им рече дека тој што го отепале не бил Зенула туку некој друг качак.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме извади надвор. Ме растури. Мама ми еба.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Со заеднички напор, започнувајќи од петни жили, го кренаа детето над главата, а потоа полека, за да не ја испуштат и да не ѝ ја удрат главата од дрвото, ја извадија надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)