изведе (гл.) - работа (имн.)

Црно ти лафење, отиде десет оки сирење — десет банки, цела франга и повеќе, ама Петруш ја изведе работата мајсторски; човекот се засрами пред луѓето и му го „ариза" сиренцето, а Петруш продолжи да се пазари со свадбарите:
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа самата ме упатуваше како да ја изведам работата - додаде Иван. – Досега се снаоѓав самиот, но за другите активности, мислам на обврските што му претходат на погребот како и за самиот погреб, потребна ми е поддршка и помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога утредента Бисера почна да припрема терен за да ја изведе работата на чистина, Крле веќе беше донесол решение и кратко и јасно ѝ одговори. — Вечер ќе ти кажа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понатаму не ја изведе работата на чистина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сам не ќе можам да ја однесам мајка ми до местоно што го избра. - До кое место? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај", додал студентот, "мене ми е сфатлива таинственоста на настанот и љубопитноста на Акиносуко да ги изведе работите на чистина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)