извлече (гл.) - глава (имн.)

Да му остане само толку време колку што ќе му треба за да се врати, се разбира, ако успее да извлече глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој си ја извлече главата од под одарот. Ги виде вжолтените нокти од нозете на Арсо што висеа над него. - Несреќниче! - рикна во болка и навреда Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги извлекоа главите од јаремот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- И да има, не ќе го најдеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- ќе можеме да му скроиме чизми од магла и да ги потковаме со сињак, - додаде Барбут –бег.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик ја извлече главата од јаремот: - Го продаваме ова што е во колава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Онисифор Проказник мислел и пресметал, им се придружил на другите и Герасим од Побожјане. - Нека биде Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сончевата светлост на нивните лица помодрувала. Господи, каде се изворите на спокојството?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи, четириесет камења за дваесет воденици, ја извлекол главата од волнената облека чпртавиот домородец Гавруш Пребонд. - Оние осумнаесет ќе се здружат во девет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)