извлече (гл.) - оттаму (прил.)

Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав желба што побргу да го извлечам оттаму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бери си го умот зашто, ако те пратам уште еднаш таму, тогаш ни Христос бог, еба ти го, нема да те извлечи оттаму. Каталавес? (Разбра?) А сега - марш!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)