изговори (гл.) - мој (прид.)

Дури и разговарањето е полесно, иако јас знам многу послабо од него англиски, а тој македонски не разбира ни збор, освен да го изговара моето име.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Напати слушав како го изговараат моето име, имињата на моите најблиски, блиски од двете страни на границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го слушнав како со топлина во гласот го изговори моето име и истовремено ми ја пружи раката за поздрав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)