изгради (гл.) - одреден (прид.)

Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ни е грижа за фабулата, пишуваме за да изградиме одредена автономија во однос на својот живот!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат. ‌Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, градејќи нестандардни емоционални врски со културните облици, тие практично го одбиваат силниот општествен повик да заземат конвенционални, хетеронормативни положби и практично се здобиваат со нестандардни сексуални и родови идентитети, идентификации и ориентации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Настраниот свет на припадноста кој го замислува, попрво, е проекција на геј-желбата. ‌„Мелодрамата“ и „трагедијата“, тогаш, не се однесуваат само на разни видови драма туку и на разни прагматични жанрови на дискурс, на разни начини на чувствување и на разни стилови на емоционално изразување, како и на диференцијални степени на општествена достојност и на различно вреднувани општествени изведби – а сите тие, пак, корелираат со разликата меѓу женственоста и мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)