изгрева (гл.) - сонце (имн.)

Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
“Кога изгрева сонцето мислам на едни топли и уморни очи а во нив потоната мојата љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Каде да ги спуштиме куферите кога немаме причина да продолжиме, кога чувствата се исти, кога сме проклето сами.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А мене од кај него ми изгрева сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се препираа чија мама е поблиску до сонцето, бараа да видат каде изгрева сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И такви какви што бевме, умеевме со радост да гледаме како изгрева сонцето и да ги разликуваме сите мени на утринските бои; умеевме со восхит и страст да му се радуваме на сончевиот зрак што преку цепнатинките на бараките се разигруваше на ѕидот; знаевме во него да гледаме се додека го снемаше, да гледаме во молк и исполнети со надежни мисли; знаевме во свежите зори да го слушаме ведриот пој на птиците; знаевме до зачудување да се загледуваме во чашките на расцутените цвеќиња, во кои проигруваше пчела, во килимот на зелената трева и до бесконечност да го следиме облачето заскитано на синото небо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И мојата мама е онаму каде што изгрева сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оттогаш малите, кога си играа во песокта, одеднаш велеа: мама е онаму каде што изгрева сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Онаму, - ни велеа - каде што изгрева сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Место на исток, каде што изгрева сонцето, сме удриле на запад, каде што заоѓа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш ми рече: „Ах, како ќе изгрева сонцето кога ќе ме нема...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И тоа нѐ прави неизмерно радосни. Мислиш од тебе изгрева сонцето и скока од радост дека влегло во нивите наши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)