изгрее (гл.) - сонце (имн.)

По мое, вели, најдобро е ако тргниме одовде в сабота зараното, па таму некаде пред Прилеп или точно во Прилеп да нè изгрее сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изутрината, уште пред да изгрее сонцето, испрати тој богати дарови за Јанка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не си ли ти истиот оној кој се заколна, а ги заколна и другите, да умираат еден за друг додека не изгрее сонцето на слободата над оваа ропска земја?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Рано изутрина пред да изгрее сонцето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седнавме и чекаме, чекаме. Изгреа сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога изгреа сонцето завитканиот во преврски замоли: - Погледни, молам, свети ли сонцето? - Свети, - реков.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некаде пред да изгрее сонцето, кога онаму, далеку над планината, кај Костур, почна да сивее се слушна бучава на авиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
До нас еден Маџир од Костурско. Нѐ разбудуваа рано, пред да изгрее сонце. Излегувавме на гимнастика.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Денес ќе одиме на парада.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Престана дождот, ветрот ги разбрка темните облаци. Изгреа сонцето.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ни се случуваше да ни изгрее сонцето под италијанската војска, а да ни зајде под Грците. А ние, ни ваму ни таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)