изгуби (гл.) - глава (имн.)

Кос-коџа со мажје жени пак беља тргаат ако тргнат сами, а камо ли ти шо си а изгубила главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеше лесно да изгуби глава, а и големата колекција на светот на Езерото да биде запоставена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)