издаде (гл.) - наредба (имн.)

По изложувањата на планот од страна на Маклин Тито го прифатил планот и презел обврска да издаде наредба на својот штаб да направи заеднички план со офицерите на Маклин и претставниците на Балканските воздухопловни сили.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
_________ 2. На 13 мај 1941 годна Хитлер издал наредба да отпочне повлекувањето на поголем број единици на Вермахтот од Балканот, додека заштитата на окупираните подрачја би требало да ја преземат италијанските трупи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа ГШ издал наредба енергично да се напаѓаат и да се разоружуваат бугарските окупаторски трупи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
7 За да се реализира тоа се барало да се убедат сојузничките влади да издадат наредба на нивните претставници и да ја нагласат улогата што СОЕ ќе може да ја игра во војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе издадам наредба веднаш да почнат да месат и да печат, па ако треба ќе довезам од магацините во Корча...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На третиот ден од пристигањето со војските во Прилеп Бахтијар-паша издаде наредба за поход.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Тој лично издаде наредба да биде испратена во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во мај-јуни 1880 година, била формирана привремена влада на Македонија „Единство“ која во март 1881, обнародила Манифест до сите Македонци и испратила протоколарно решение до рускиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Натанаил Кучевишки издал наредба четите да се растурат, а оружјето да се складира во с. Бураново.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За да не ги видат Еворпејците, натераа Цигани да ги измијат тие локви, издадоа наредба да се отвори чаршијата и објавија дека секој е слободен да си ја гледа работата“122.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во однос на ова, во телеграмата упатена од Константин Фотиќ до Божидар Пуриќ, се изнесува американскиот став и се истакнува дека „еден од главните помошници на Донован ми рече дека англиската одлука за повлекување на мисиите од генералот Михаиловиќ е донесена без претходна консултација со него и дека Американците не се согласуваат со таа политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот на јануари 1944 година му издал наредба на командантот на сојузничките сили во Средоземјето да се повлечат британските воени мисии кои од 1941 година непрекинато претојувале кај Дража Михаиловиќ, а генералот Вилсон се обратил до Врховниот штаб со молба единиците на НОВЈ да ги прифатат членовите на британските мисии кои се наоѓале кај Дража Михаиловиќ и да им се овозможи евакуација за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– А бре, оче, јас толку не се разбирам од овие ваши работи, туку еве што се слуша. велат дека многу сте го налутиле кадијата, та му пратил абер дури и на султанот, а овој издал наредба да се смири таа раја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
В зори беше издадена наредба да се прекине со трагањето во скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)