издржи (гл.) - до (предл.)

Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, одберете си сами наслов на делото што, во името на народот, како пресуда ќе го добие во институција која живее од таквите, „понављачи“ на испитот: „издржи до крај, или до смрт“ и како срамен крст ќе го понесе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Бев еднаш, се сеќаваш? Заедно бевме и одвај издржав до паузата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)