изеде (гл.) - цел (прид.)

Стомакот навистина ме болеше и ме притискаше, па само го чепнав месото, но не го изедов цело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да знаеш, без лажна скромност, слатково ти е правено човек одеднаш да изеде цела тегла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Да“ рече неволно, кисело Пелазгиј, а устата му се собра како да изел цела дланка дренки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што тетка ми продолжи да вика „Говедо!Говедо! Говеда!“ - се обиде да стане, но одеднаш се фати за ’рбетот, театрално офна и падна врз влажниот теписон, при што се слушна едно мало „шлап“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И така тука не бил од времето кога уште пред години пријателот Муса кој подоцна се исели од Труција, го однесе на ручек во бањата во Банско каде што успеа да изеде осумнаесет јајца половина час варени во бањскиот извор на температура од околу седумдесет или седумдесет и пет степени, додека неговиот пријател Муса лакомо изеде цели дваесет и осум јајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)